1. Општи одредби за гаранција
ДПТУ НАД СТИЛ ДООЕЛ гарантира дека, доколку корисникот се придржува кон техничките упатства, пневматиците ќе функционираат беспрекорно во текот на гарантираниот период, а вообичаено и подолго.
ДПТУ НАД СТИЛ ДООЕЛ изјавува дека производ кој неправилно функционира поради фабричка грешка на производителот ќе биде:
-
заменет со нов производ во рок од 30 дена, или
-
доколку производот не е повеќе достапен – купувачот ќе добие паричен надомест за истиот.
Гарантниот рок важи од денот на наплата и подигнување на производот.
Гаранцијата се признава само со фискална сметка или друг валиден документ за извршено плаќање.
Во случај на оправдана рекламација (фабричка грешка), се признава само неамортизираниот дел од пневматикот, што се утврдува врз основа на преостанатата длабочина на нагазниот слој.
Пневматикот за кој е признаена рекламацијата останува во сопственост на ДПТУ НАД СТИЛ ДООЕЛ и купувачот нема право да го задржи.
2. Услови за исполнување на гаранцијата
Гаранцијата важи под следните услови:
-
Гаранцијата важи една (1) година од денот на купување на пневматиците.
-
Гаранцијата важи само доколку купувачот се придржувал кон техничките упатства и карактеристики на производот.
-
Пневматикот кој е предмет на рекламација не смее да биде поправан или лепен.
-
На барање на производителот, купувачот мора да ја достави и фелната заедно со пневматикот кој е предмет на рекламација.
-
Не се признава рекламација на:
-
оштетен тубелес пневматик како последица на користење внатрешна гума
-
оштетување од дупчење на пневматикот
-
пневматик оштетен поради структурни промени (поправки од трети лица).
-
-
Не се признава рекламација на пневматици оштетени од надворешни влијанија, како што се:
-
неправилно демонтирање
-
пречки и остри предмети на патот (дупки, тротоари и сл.)
-
синџири за снег и слични помагала.
-
-
Гаранцијата не се однесува на неправилно абење на пневматиците (брзо возење, еднострано абење, степенасто, брановидно абење).
-
Гаранцијата не се однесува на пречки во возењето (на пр. тресење), доколку:
-
газечкиот слој е веќе потрошен повеќе од 10%, или
-
има оштетување на дисковите на тркалото.
-
-
Гаранцијата не важи доколку при промена на пневматиците не е заменет стариот вентил со нов.
3. Технички упатства
За да важи гаранцијата, задолжително е да се почитуваат следниве технички упатства:
-
Почитувајте ги правилата за димензија, маса и оптоварување кои се определени од страна на производителот на возилото.
-
Пневматиците секогаш треба да бидат монтирани на исправна и чиста фелна.
-
Тубелес гумите треба да бидат монтирани исклучиво на фелни наменети за тубелес гуми.
-
Пневматиците мора да бидат монтирани од стручни лица (вулканизери) во овластени сервиси. При нестручно монтирање може да дојде до физичко оштетување.
Вулканизерот мора да користи специјален алат и машини за монтирање и балансирање на гуми. -
Пневматиците мора да бидат напумпани според пропишаниот притисок од производителот на возилото.
-
Не смее да се вози со:
-
пренизок притисок
-
превисок притисок
-
без притисок (дури и привремено, при дефект).
-
4. Најчести оштетувања и корисни препораки
4.1 Оштетување поради неправилна геометрија
Проблем:
Оштетување на пневматикот како последица на неправилна геометрија на тркалата на оската.
Наша препорака:
-
Посетете автомеханичар за центрирање на предницата (регулација на геометрија).
4.2 Оштетување поради возење со слаб или без притисок
Проблем:
Оштетување на пневматикот настанато од возење:
-
без притисок
-
со пренизок притисок
Најчести причини:
-
неисправен или стар вентил
-
неисправна или искривена фелна
-
дупната гума
Наша препорака:
-
Проверувајте го притисокот во пневматиците најмалку еднаш месечно.
-
Навреме отстранете ја причината за неадекватниот притисок.
4.3 Набубрување на страничниот дел на гумата
Проблем:
Појава на набубрување на страничниот дел на гумата, најчесто предизвикано од:
-
удар во дупка
-
качување на тротоар
-
нагазување на остар предмет
Наша препорака:
-
Избегнувајте дупки секогаш кога е можно.
-
Доколку мора да се качите на тротоар, правете го тоа претпазливо и со мала брзина.


