Оваа Политика на квалитет претставува основа за дефинирање, следење и редовно преиспитување на целите за квалитет согласно барањата на ISO 9001:2015, како и за примената на принципите за заштита на животната средина во согласност со ISO 14001:2015.
Воспоставување и континуирано подобрување на системот за управување со квалитет, со усогласување со барањата на стандардот ISO 9001:2015, како и редовно следење на неговата ефикасност и ефективност.
Грижа за животната средина преку енергетска ефикасност на објектите, правилно управување со отпад и одржување уредна и безбедна работна средина, согласно стандардот ISO 14001:2015.
Обезбедување високо ниво на квалитет во сите сектори и објекти, во согласност со строгите стандарди и критериуми пропишани во Michelin сертификатите со кои располага компанијата.
Целосно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на клиентите, преку примена на најдобри практики во сервисирање пневматици за сите видови моторни возила.
Професионален однос и навремено исполнување на сите договорени обврски.
Целосно документирани процеси на работа, со постојано идентификување и отстранување на неусогласеностите.
Благовремено и соодветно планирање на сите активности за обезбедување стабилност и квалитет.
Континуирано подобрување на процесите преку модерна и ефикасна опрема.
Почитување на сите релевантни законски прописи, регулативи и барања утврдени од локалните и државните органи.
Високо ниво на професионален и деловен однос со сите добавувачи, партнери и останати заинтересирани страни.
Континуирано подигнување на знаењето, способностите и вештините на вработените за да се зголеми нивната компетентност во извршувањето на сите задачи, особено оние што директно влијаат врз квалитетот на услугите и производите.
Обезбедување здрава и безбедна работна средина, како и редовни обуки за развивање на свеста за квалитетно и одговорно работење.